ЕвропаЕвропа.Портал

Британски банди маскираат деца како работници за да продаваат дрога

Британските банди кои продаваат дрога маскираат деца како клучни работници на кои им е дозволено движење, со цел полицијата да не ги открие за време на блокадата на земјата.

Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) – Британските банди кои продаваат дрога маскираат деца како клучни работници на кои им е дозволено движење, со цел полицијата да не ги открие за време на блокадата на земјата.

Претставници на организација за заштита на децата за Скај њуз изјавија дека бандите ја користеле оваа тактика, бидејќи сите барови, ресторани и продавници биле принудени да се затворат, а транспортот бил строго ограничен.

Наводно, дилерите на дрога се облекувале и како шетачи на кучиња и се состанувале на паркинзи на болници и супермаркети. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close