ЕвропаЕвропа.Портал

Британската Влада нема да субвенционира нови работници кои се на принуден одмор поради пандемијата

Британската Влада нема да го зголеми бројот на работници што ги плаќа државата, кои се на принуден одмор поради пандемијата со Ковид-19, објави „Фајненшл тајмс“

Лондон, 27 мај 2020 (МИА) – Британската Влада нема да го зголеми бројот на работници што ги плаќа државата, кои се на принуден одмор поради пандемијата со Ковид-19, објави „Фајненшл тајмс“.

Државата сега субвенционира осум милиони работници кои се на принуден одмор поради пандемијата, а британскиот министер за финансии Риши Сунак наредните денови ќе објави колку работодавачите ќе мора да придонесат за владината програма до август.

Ќе се воведуваат и нови правила за работа со скратено работно време, што сега не е дозволено.

За да се избегне работодавачите да пријавуваат дополнително работници за програмата за помош и да ги вратат на половина работно време, а сето тоа да го субвенционира државата, Министерството за финансии најверојатно ќе го укине понатамошното пријавување за таа програма, наведува „Фајненшл тајмс“.

Сега британската Влада плаќа 80 отсто од платите, што е до 2.500 фунти месечно на речиси секој вработен во приватниот сектор, кој е на привремен одмор поради пандемијата со Ковид-19. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close