Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Британската полиција предупредува на дрога со ликот на американскиот претседател

Британската полиција ја предупреди јавноста да ги избегнува таблетите екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи се многу опасни.

Лондон, 16 август 2020 (МИА) – Британската полиција ја предупреди јавноста да ги избегнува таблетите екстази со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи се многу опасни.

Како што се наведува, еден маж е уапсен под сомнение дека го снабдувал пазарот со портокалови таблети.

„Криминалците постојано наоѓаат нови начини за продажба на дрога и ги прават попримамливи. Видовме пред тоа таблети МДМА произведени во форма на разни предмети од популарната култура, а неодамнешен пример се оние во форма на Доналд Трамп, рече детективот Рајан Брнс. ссм/

Back to top button
Close
Close