ОпштествоПолитика

Британска амбасада се приклучи кон иницијативата на претседателот Пендаровски „Волонтираме за солидарно општество“

Британска амбасада во земјава информира дека се приклучува кон иницијативата на претседателот Стево Пендаровски - „Волонтираме за солидарно општество“.

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Британска амбасада во земјава информира дека се приклучува кон иницијативата на претседателот Стево Пендаровски – „Волонтираме за солидарно општество“.

Како што соопшти Британската амбасада, утрово дониравле 450 пакети со вкупно 6.200 прехранбени продукти и средства за хигиена за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

– Донацијата е направена во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, која е една од партнерските организации во рамките на оваа хуманитарна иницијатива. Доставата на овие пакети до граѓани кои се од најранливите социјално загрозени категории ќе се врши согласно протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството на Црвениот крст на Република Северна Македонија, велат од Британската амбасада во Скопје.

При извршување на донацијата Британска амбасада ги почитуваше сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици).

Од таму уште додават дека Велика Британија останува силен партнер на Република Северна Македонија и продолжува да го гради и зацврстува долгогодишното пријателство. оџ/сп/

Back to top button
Close
Close