ЕвропаЕвропа.Портал

Британец вакциниран против коронавирусот ги открива можните нуспојави

Една од првите личности на кои се тестира новата вакцина против коронавирусот е романописецот и поранешен детски ТВ водител Симeон Корти кој ги откри можните нуспојави од вакцината.

Лондон, 24 април 2020 (МИА) – Една од првите личности на кои се тестира новата вакцина против коронавирусот е романописецот и поранешен детски ТВ водител Симeон Корти кој ги откри можните нуспојави од вакцината.

Гостувајќи во утринската програма „Добро утро Британијо“, тој објасни зошто доброволно се согласил на тестирањето кое вчера почна во Оксфорд и откри некои од потенцијалните нуспојави, пренесува „Мирор Онлајн“.

Несаканите ефекти од вакцината содржат симптоми што наликуваат на грип и болки во мускулите, а во најлош случај и неколкудневна треска, откри Симион.

Тој објасни дека е еден од 500 луѓе кои помагаат во истражувањето во Окфсорд, а себеси се нарече „само многу мал дел од оваа работа“.

– Ние сме дел од овој процес во кој се утврдува дали вакцината е сигурна, а после ова испитување ќе следува друго за ефикасност во рамките на заедницата за да видиме дали делува на илјадници луѓе, рече тој.

Во рамките на истражувањето постојат две групи, една прима нова вакцина против коронавирусот, а другата прима вакцина против менингитис и на учесниците во испитувањето не им се кажува во група се, со оглед на тоа што двете вакцини предизвикуваат слични нуспојави. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close