Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Британците од 4 јули дополнително ги олабавуваат мерките – се отвораат рестораните, пабовите, кината…

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Долниот дом на британскиот Парламент соопшти дека мерката на задолжителното социјално дистанцирање од два метра од 4 јули ќе се намали на еден метар.

Лондон, 23 јуни 2020 (МИА) – Британскиот премиер Борис Џонсон денеска пред Долниот дом на британскиот Парламент соопшти дека мерката на задолжителното социјално дистанцирање од два метра од 4 јули ќе се намали на еден метар.

Како што пренесува лондонски „Индипендент“, Џонсон на граѓаните им препорача да останат на два метра растојание секогаш кога е тоа можно, а во спротивно треба да се придржуваат до правилото „еден метар“ и да носат заштитни маски за да се намали можноста од инфекција со коронавирусот.

Премиерот, исто така, потврди дека од 4 јули се отвораат и пабовите, рестораните, кината, хотелите, музеите и галериите. Ова е најзначајното олеснување на мерките од воведувањето на карантинот, на 23 март.

Независни медицински експерти предупредуваат дека стапката на инфекција со коронавирус е сè уште премногу висока за вакви мерки за олеснување. сд/

Back to top button
Close
Close