БалканБалкан.Портал

Брегу: Работоспособното население на Западен Балкан е намалено за повеќе од 400.000 во изминатите пет години

Изминативе 7 години отворени се над 700 илјади нови работни места, а стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 отсто на 16. Не сите ги почувствуваа предностите на овие економски и подобри услови на пазарот минатата деценија, рече денеска Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ) на започнувањето на втората фаза од платформата за вработување и социјални работи на РЦЦ (ЕСАП 2) во Сараево.

Сараево, 28 јануари 2020 (МИА) – Изминативе седум години отворени се над 700 илјади нови работни места, а стапката на невработеност во целиот регион е намалена од 23 отсто на 16 отсто. Не сите ги почувствуваа предностите на овие економски и подобри услови на пазарот минатата деценија, рече денеска Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка (РЦЦ) на почнувањето на втората фаза од платформата за вработување и социјални работи на РЦЦ (ЕСАП 2) во Сараево.

На пример, како што рече таа, само 4,3 отсто од новоотворените работни места се пополнети од млади луѓе до 24 години, а често им се потребни и до две години за да се вработат. Една од четири млади личности, нагласи таа, не е вработена, односно не се образува или обучува.

– Речиси половина од работоспособните жени не се на пазарот на трудот, додека кај мажите таа бројка е една од четири, додаде Брегу, забележувајќи ги сериозните демографски предизвици со кои се соочува регионот.

Таа вели дека вкупното работоспособно население на Западен Балкан е намалено за над 400.000 луѓе во последните пет години.

– Негативниот раст на природната популација не е единствениот фактор што придонесува. Одливот на квалификуван персонал е најголемиот предизвик во оваа нова деценија што треба да ја диктира тековната и идната агенда за политика на нашите економии. Друга важна грижа е неусогласеноста меѓу вештините што ги обезбедува вашиот образовен систем и побарувачката на пазарот на трудот. Неопходно е радикално да се смени образовниот систем и да се преиспита конвенционалниот начин на размислување дека образованието е за стекнување знаење и да се гледа како на нешто од примарна економска вредност, рече Брегу.

ЕСАП 2 надоврзувајќи се на резултатите од ЕСАП 1 ќе продолжи да соработува со Министерството за труд и социјала, службите за вработување и другите партнери за унапредувањето на политиката и мерките при вработување и учење од нивните европски колеги за тоа кои мерки и политики најдобро функционираат за отворање на нови и подобри работни места особено фокусирајќи се на неформалното вработување и негово претворање во формално.

– Според податоците на Светската банка речиси половина (49,2 отсто) од фирмите од регионот се во трка со неформалните компании. Стапката на неформалното вработување во регионот се движи од 18 до 30 отсто но оваа бројка е многу позначајна доколку се анализира од призмата на живтотот на вработените кои се лишени од достоинствени работнички права и услови. Едноставно кажано целта на ЕСАП 2 е овие бројки да бидат во полза на врабитените, нивните работодавачи, општество и економијата во целина, заклучи Брегу.

Покрај генералната секретарка Брегу, конференцијата ја отворија и Маркус Пилгрим, директор на Меѓународната организација на работа ИЛО за централна и источна Европа, партнери на РЦЦ, амбасадорот Јохан Сатлер, шеф на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина. Тие ја нагласија важноста на овој проект за регионот, бидејќи, како што велат, помогнал во промовирањето на вработување и многу други сродни теми како што е пристапот до правда за сите преку алтернативното решавање работнички спорови, како и значењето на социјалниот дијалог врз регионалната соработка, кој се покажа како ефикасен начин на решавање на овие прашања на индивидуално и национално ниво.

На конференцијата присуствуваа и министрите за труд и социјална политика од регионот, претставници на јавните служби за вработување, цивилно друштво и академската заедница и можните решенија за проблемите на (не)вработување во регионот.

Руди Деларуе од Општата управа на Европската комисија за вработување социјални прашања и инволвирања ја затвори конференцијата нагласувајќи посветеност на европскиот развој на Западен Балкан, посебно за вработување и социјална политика подвлекувајќи дека финансирањето на проектот ЕСЕМ 2 претставува европски влог во иднината на достоинствена работа во регионот. мс/бт/

 

 

Back to top button
Close
Close