СветСвет.Портал

Бразилскиот спортски комплекс Маракана ќе биде пренаменет во болница (КРГ)

Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс Маракана да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус

Бразилија, 27 март 2020 (МИА) – Бразилските власти одлучија спортскиот комплекс Маракана да биде привремена болница за пациенти заразени со новиот коронавирус.

Маракана е најпознатиот фудбалски стадион во светот, кој двапати беше домаќин на финалето на Светското првенство (1950 и 2014 година). На стадионот беа отворени и минатите Олимписки игри.

Локалните власти на Рио де Жанеиро дополнително треба да одлучат колку кревети ќе бидат поставени во комплексот. Исто така не е познато дали привремена болница ќе биде подигната на фудбалскиот терен или во состабот на коплексот, каде има и атлетски стадион и базен.

Во Бразил досега се регистрирани 2.985 заразени со Ковид-19, од кои 77 починати, а во светот  532.914 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои 24.093 починаа. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close