Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бразилскиот претседател има симптоми на Ковид-19, се чекаат резултати од тестот

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро пред поддржувачите собрани пред претседателската палата во Бразилија рече дека направил тест за Ковид-19 и оти направил рендгенска снимка на белите дробови.

Бразилија, 7 јули 2020 (МИА) – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро пред поддржувачите собрани пред претседателската палата во Бразилија рече дека направил тест за Ковид-19 и оти направил рендгенска снимка на белите дробови.

– Сега се вратив од болницата, направив снимање на белите дробови, белите дробови ми се чисти, Добро ? Отидов да направам тест за Ковид, но сè е во ред, рече тој.

Болсонаро, кој носеше маска, ги предупреди луѓето да не се доближуваат до него.

– Не можете да се доближите многу блиску до мене, во ред? Препорака за сите, рече Болсонаро.

На новинарско прашање за извештаите во медиумите дека Болсонаро има температура, Синтија Македо, портпаролка на претседателот, за Си-Ен-Ен изјави дека нема такви информации.

– Не ги потврдуваме тие информации во овој момент, истакна таа.

Кабинетот на претседателот соопшти дека резултатите од тестот се очекуваат денеска. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close