Svet.SlajderСветСвет.Портал

Бразил со Универзитетот Оксфорд ќе потпише договор за производството на пробната вакцина

Бразил најверојатно неделава ќе потпише договор за производство на вакцина, развиена од Универзитетот во Оксфорд, за да се постиге заштита од коронавирусот, изјави денеска привремениот министер за здравство на Бразил, Едуардо Пазуело.

Бразилија, 23 јуни 2020 (МИА) – Бразил најверојатно неделава ќе потпише договор за производство на вакцина, развиена од Универзитетот во Оксфорд, за да се постиге заштита од коронавирусот, изјави денеска привремениот министер за здравство на Бразил, Едуардо Пазуело.

Клиничките испитувања во Бразил за потенцијална вакцина почнаа во текот на викендот врз 3.000 лица во Сао Паоло и Рио де Жанеиро.

Паузело, зборувајќи пред пратениците, денеска најави дека договорот може да биде потпишан во среда и дека наскоро може да се случи уште едно партнерство со истражувачи на вакцини.

Бразилското здравствено регулаторно тело Анвис овој месец одобри пробни испитувања врз луѓе за добивање на вакцина што ја развива Универзитетот Оксфорд и е поддржана од компанијата Астра Зенека Плц.

Очекувањата се дека до крајот на годината ќе почне употребата на вакцината.

Бразилската Влада планира масовно тестирање што ќе опфати 24 проценти од населението, изјави привремениот министер за здравство за време на сослушувањето во парламентот. сд/

 

.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close