СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Бразил/Ковид-19: Над 100.000 заразени

Новите случаи на заразени со новиот коронавирус во Бразил се 4.588 за изминатиот ден, а смртните случаи за истиот период се 275, соопшти бразилското Министерство за здравство. Со тоа, вкупниот број потврдени случаи во Бразил надминува 100.000.

Рио де Жанеиро, 4 мај 2020 (МИА) – Новите случаи на заразени со новиот коронавирус во Бразил се 4.588 за изминатиот ден, а смртните случаи за истиот период се 275, соопшти бразилското Министерство за здравство. Со тоа, вкупниот број потврдени случаи во Бразил надминува 100.000.

Бразил досега има регистрирано 101.147 потврдени случаи од вирусот и 7.025 починати.

Бројот на нови случаи е зголемен за околу пет отсто во однос на претходниот ден, а смртните случаи за околу четири отсто, соопшти Министерството. зш/

Back to top button
Close
Close