Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Браќата Усеини излегоа од притвор, судењето закажано за 22 септември

На советникот на ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим им е укината мерката притвор. Основниот суд во Охрид ја прифатил понудената гаранција на браќата Усеини, кои за да се бранат од слобода понудиле хипотека на недвижен имот во центарот на Охрид проценет на околу 850 илјади евра.

Охрид, 11 септември 2020 (МИА) – На советникот на ДУИ во Општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим им е укината мерката притвор. Основниот суд во Охрид ја прифатил понудената гаранција на браќата Усеини, кои за да се бранат од слобода понудиле хипотека на недвижен имот во центарот на Охрид проценет на околу 850 илјади евра.

Според информациите од Основниот суд во Охрид, првото рочиште по предметот што против браќата Усеини се води за сторено кривично дело „насилство“ извршено врз лицето С.Т. од Охрид е закажано за 22 овој месец.

Претходно беше понудена гаранција од 30 илјади евра за браќата Усеини да се бранат од слобода, која Основниот суд во Охрид ја прифати, но истата беше одбиена од битолска Апелација.

Против Нефи и Ибраим Усеини беа поднесени кривични пријави како осомничени сторители на кривични дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“, по што тие беа недостапни за органите на прогонот. Шест дена подоцна сами се пријавија во Охридскиот затвор, а во меѓувреме лицето С.Т. кој поднесе пријава против нив смена исказот, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава. аб/аа/

Back to top button
Close
Close