0_Магазин.ПорталСцена

Брајан Кренстон оздравел од коронавирус и донирал плазма

- Носете ги тие проклети маски!, порача глумецот.

Лос Анџелес, 31 јули 2020 (МИА)Ѕвездата од ТВ серијата „На лош пат“ (Breaking bad), Брајан Кренстон им соопшти на своите обожаватели дека е излекуван од Ковид-19 по што дарувал крвна плазма.

– Носете ги тие проклети маски!, порача глумецот притоа.

Брајан потоа им објаснуваше на следачите како изгледа процесот на дарување плазма, и како гледал стари филмови додека траела таа постапка.

Имав среќа. Над 150.000 Американци починаа од ова, рече Кранстон.

Популарниот Волтер Вајт од легендарната серија, го заврши своето видео со повик да се дарува плазма и повторно ја истакна важноста на миењето раце, физичкото растојание и носењето маски.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close