СветСвет.Портал

БП го продава петрохемискиот бизнис за пет милијарди долари

Глобалниот енергетски гигант БП денеска соопшти дека одлучил на да го продаде петрохемискиот бизнис на ИНЕОС за пет милијарди долари.

Лондон, 29 јуни 2020 (МИА) – Глобалниот енергетски гигант БП денеска соопшти дека одлучил на да го продаде петрохемискиот бизнис на ИНЕОС за пет милијарди долари.

Петрохемискиот бизнис вклучува производство на ароматични јаглеводороди и ацетил и е силно присутен на азиските пазари во развој, соопшти БП. Има 14 погони за производство во Азија, Европа и САД и минатата година произведе 9,7 милиони тони петрохемиски производи.

БП одлучи да го продаде тој дел од бизнисот поради падот на цената на нафтата и фактот дека троши „многу повеќе“ отколку што заработува, па нивниот нето долг на крајот на првиот квартал од оваа година достигна шест милијарди долари.

На почетокот на јуни, тие најавија планови за намалување на 10.000 работни места низ целиот свет, најмногу оваа година, бидејќи сакаат да се развијат во „побрза компанија со понизок отпадок од јаглерод“.
ИНЕОС, мултинационална компанија со седиште во Лондон, е специјализирана за производство на хемикалии, а со купување на делот на БП сака да го зголеми својот удел на глобалниот пазар, соопшти основачот и претседател на компанијата Џим Ратклиф. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close