БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

 Божовиќ: Поддршка ќе има само влада договорена од трите коалиции

„Само составот на владата што ќе биде резултат на преговори и волјата на пратениците на трите коалиции - може да добие поддршка“, напиша Божовиќ на Фејсбук.

Подгорица, 10 септември 2020 (МИА) – Кандидатката за пратеник од коалицијата „За иднината на Црна Гора“, Јелена Божовиќ, денеска изјави деке е дезинформација и невистина наводната листа на министри на новата црногорска Влада, што е објавена во некои регионални медиуми.

„Само составот на владата што ќе биде резултат на преговори и волјата на пратениците на трите коалиции – може да добие поддршка“, напиша Божовиќ на Фејсбук.

Дел од медиумите во регионот деновиве објавија дека партијата на Дритан Абазовиќ веќе ја составила новата црногорска Влада, со имињата на идни министри.

Божовиќ ги повика граѓаните кои гласаа за нејзината коалицијата да не се грижат.

„Никој однадвор, особено УДБА, нема да може да ја попречи изборната волја на граѓаните“, напиша Божовиќ.

Според наводната листа составена од коалицијата УРА, премиер на новата влада би бил Здравко Кривокапиќ, а Дритан Абазовиќ ќе бил заменик претседател за надворешна политика и одржлив развој. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close