0_Спорт.ПорталОстанато

Божиновска 10., Османовска 15. на Балканското атлетско првенство

Во Краљево, Србија викендов се одржа Балканското атлетско првенство за млади младинци на кое настапија и две македонски натпреварувачки.

Скопје, 15 август 2021 (МИА) – Во Краљево, Србија викендов се одржа Балканското атлетско првенство за млади младинци на кое настапија и две македонски натпреварувачки.

Ана Божиновска учествуваше на трката на 400 метри. Таа во конкуренција на 12 атлетичарки го освои 10. местото, трката ја заврши со време од 1:01.55 минути. Првото место и припадна на Словенката Каролина Збичајник со време од 55.78 секунди пред Милиќ од Хрватска и Полак од Србија.

Сара Османовска се натпреваруваше во скок во далечина. Со скок од 4,64 метри, Османовска го освои 15 место. Првото место го освои Бугарката Пламена Миткова со скок од 6,29 метри. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close