0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ботас победник на првата трка од новата сезона во Формула 1

Финецот Валтери Ботас од Мерцедес победи во првата трка од Шампионатот во Формула 1 возена попладнево на патеката „Ред Бул“ во Австрија.

Шпилберг, 5 јули 2020 (МИА) – Финецот Валтери Ботас од Мерцедес победи во првата трка од Шампионатот во Формула 1 возена попладнево на патеката „Ред Бул“ во Австрија.

За него ова е осма победа во неговата Ф1 кариера.

Вториот заврши Луис Хамилтон исто така од Мерцедес, но поради казна од пет секунди по сударот со Алекс Албон (Ред Бул), Британецот го изгуби подиумот и на крајот се најде на 4. место.

Како втор на победничкиот подиум се искачи Шарл Леклер (Ферари), додека трет е Ландо Норис (Мекларен).

Трката ја одбележаа голем број инциденти и откажувања поради проблеми со болидите.

Целта ја поминаа само 11 од дваесетте болиди кои се најдоа на стартот.

Од 5-11 место се најдоа: Саинц, Перез, Гасли, Окон, Џовинаци, Фетел и Латифи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close