0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанатоРезултати

Ботас најбрз во квалификациите за ГН на Сахир

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Сахир.

Манама, 5 декември 2020 (МИА) – Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Сахир.

Од втората позиција, веднаш зад Ботас ќе стартува замената за Луис Хамилтон, Џорџ Расел, исто така во болидот на Мерцедес.

Од 3.-10. позиција ќе се најдат: Макс Верстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Данил Квјат (АлфаТаури), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Сајн (Мекларен), Пјер Гасли (АлфаТаури) и Ленс Строл (Рејсинг Поинт).

Главната трка за ГН на Сахир ќе се вози во Бахреин утре со почеток во 18:10 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close