0_Магазин.ПорталЗанимливости

Босанци уапсени поради печење јагне на жар во полициски час

Имено, лицата непочитувајќи го ни избегнувањето собири, ниту пропишаното физичко растојание, печеле јагне на жар.

Босанска Градишка, 10 април 2020 (МИА) – Полицијата во Босна и Херцеговина вчера уапси 11-мина поради непочитување на забраната за движење во полициски час. Осомничените се затечени во Босанска Градишка.

Имено, лицата непочитувајќи го ни избегнувањето собири, ниту пропишаното физичко растојание, печеле јагне на жар.

Највозрасниот меѓу нив има 65 години – нему му е во целост забрането напуштање на домот. Другите се обвинети за излегување од дома во периодот од 20:00 до 5:00 часот.

Полицијата притоа повторно ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата на полицискиот час.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close