0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Борусија продолжува да бара 120 милиони за Санчо

„Црвените ѓаволи“ го одбележаа брзото крило како една од нивните главни цели за летниот преоден рок, но непријатните околности во последните месеци сериозно влијаеја на финансиските можности на клубот од „Олд Трафорд“.

Дортмунд, 18 јули 2020 (МИА) – Борусија Дортмунд нема намера да го продаде својот напаѓач Џејден Санчо на Манчестер Јунајтед по намалена цена, и покрај кризата предизвикана од коронавирусот, пишува британскиот Би-Би-Си.

„Црвените ѓаволи“ го одбележаа брзото крило како една од нивните главни цели за летниот преоден рок, но непријатните околности во последните месеци сериозно влијаеја на финансиските можности на клубот од „Олд Трафорд“.

Сепак, според публикацијата, Борусија сè уште бара над 120 милиони евра за Санчо. Покрај тоа, менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер сè уште не знае колку може да потроши во следниот трансфер прозорец и причините не се само во финансиските потешкотии што се појавија.

Тимот сè уште не обезбеди место во Лигата на шампионите и тоа исто така ќе има сериозно влијание врз буџетот, кој му е на располагање на норвешкиот стратег.

Таг
Back to top button
Close
Close