0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Борусија му понуди нов договор на Санчо

Англискиот интернационалец е цел на Манчестер Јунајтед, но „Олд Трафорд“ продолжува да опстојува и не сака да плати скоро 120 милиони евра што ги бараат Германците.

Дортмунд, 8 август 2020 (МИА) – Борусија (Дортмунд) направи уште еден обид да го задржи Џејден Саннчо со тоа што му понуди нов, уште попрофитабилен договор, тврди „Билд“.

Англискиот интернационалец е цел на Манчестер Јунајтед, но „Олд Трафорд“ продолжува да опстојува и не сака да плати скоро 120 милиони евра што ги бараат Германците.

За само два дена истекува рокот што му го даде Дортмунд на Јунајтед за договорот.

Патем, Санчо во моментов има најголема плата во Борусија – 210.000 евра неделно, а понудата на клубот е да ја зголеми на 285.000 евра. Сепак, ова е помалку од она што му го понуди Манчестер Јунајтед со скоро 390.000 евра неделна плата.

Според информациите, самиот офанзивен играч долго време се договорал за неговите лични услови со тимот од Премиер Лигата, но останува да се постигне договор меѓу клубовите.

Таг
Back to top button
Close
Close