0_Спорт.ПорталФудбал

Борусија Менхенгладбах се врати на врвот во Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах од висина им гледа на конкурентите во германската фудбалска Бундеслига, откако денеска го победи Фрајбург со 4:2 и со трите бода се искачи на првата позиција на табелата

Менхенгладбах, 1 декември 2019 (МИА) – Борусија Менхенгладбах од висина им гледа на конкурентите во германската фудбалска Бундеслига, откако денеска го победи Фрајбург со 4:2 и со трите бода се искачи на првата позиција на табелата.

Головите за новиот предводник на табелата ги постигнаа Турам, Херман и Емболо. Борусија заедно со вториот Лајпциг се тимови со најмалку примени голови во лигата.

Борусија во 13. досегашни кола има девет победи, и во оваа фаза од сезоната нема толку мбогу триумфи уште од шампионската сезона 1976/77 наваму. јз/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close