Фудбал

Борусија Дортмунд се врати на победничкиот пат

Џејден Санчо (43) и Марко Ројс (55) беа прецизни за тимот од Дортмунд, додека Кристоф Крамер (45) постигна гол за гостите.

Дортмунд, 22 декември 2018 (МИА) – Борусија Дортмунд брзо се врати во победничкиот пат во Бундеслигата, откако загуби од Фортуна Дизелдорф со 1:2 во текот на неделата.

„Жолто-црните“ победија со 2:1 на својот „Сигнал Идуна парк“ против Борусија Менхенгладбах. Дуелот беше директен судир меѓу првиот и вториот на табелата и со овој успех домаќините се на врвот со 9 поени повеќе од денешниот ривал.

Џејден Санчо (43) и Марко Ројс (55) беа прецизни за тимот од Дортмунд, додека Кристоф Крамер (45) постигна гол за гостите.

Така домаќините забележаа седма победа по ред против овој ривал. Со оваа победа, тимот од Дортмунд ја заврши полусезоната како лидер во рангот со 42 поени.

Борусија Менхенгладбах во моментов останува на второто место со 33 поени, но има и натпревар повеќе од Баерн Минхен, кој има ист број на поени и денеска гостува на Ајнтрахт во Франкфурт.вз

Таг
Back to top button
Close
Close