0_Спорт.ПорталРезултатиСпорт.СлајдерФудбал

Борусија Дортмунд прв четвртфиналист во Лигата на шампиони

Екипата на Борусија Дортмунд е прв четвртфиналист во овогодишното издание на Лигата на шампиони, откако вечерва одигра 2:2 на домашен терен и ја задржа предноста од првиот натпревар.

Дортмунд, 9 март 2021 (МИА) – Екипата на Борусија Дортмунд е прв четвртфиналист во овогодишното издание на Лигата на шампиони, откако вечерва одигра 2:2 на домашен терен и ја задржа предноста од првиот натпревар.

Германската екипа пред три недели победи во Севиља со 3:2, благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд, кој и во реваншот двата пати се запиша во листата на стрелци (35 и 54 од пенал).

Шпанскиот тим до крајот успеа само да избегне пораз, со двата гола на Јусуф Несири, во 69 минута од пенал и во шестата минута од судиското продолжение.

На вториот реванш осминафинален натпревар вечерва, се играат продолженија, откако Јувентус со 2:1 по 90 минути ја анулираше негативата од Порто. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close