Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Борисов: По здравјето на луѓето, најважно е да се заштитат работниците

Првата и единствена грижа е животот и здравјето на луѓето. Наредив да се прегледаат сите лекари, лаборанти, возачи, сите кои работеа со лица заразени со коронавирус, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција на Советот на министри заедно со Кризниот штаб.

Софија, 28 март 2020 (МИА)Првата и единствена грижа е животот и здравјето на луѓето. Наредив да се прегледаат сите лекари, лаборанти, возачи, сите кои работеа со лица заразени со коронавирус, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешната прес-конференција на Советот на министри заедно со Кризниот штаб.

Тој повтори дека грижата и здравјето на работниците, социјално загрозените и пензионерите во моментот е од најголемо значење, јави агенцијата БГНЕС.

Борисов информира дека разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, која му упатила честитки за реорганизирање на производството за да може Бугарија, во најкраток рок, да направи маски, шлемови и заштитна облека. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close