БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Борисов: Нема да затвораме поради коронавирусот, до 30 јуни ќе ослободиме сè

Повеќе нема да затвораме градови и села, направивме се за да ги зајакнеме болниците, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на вонредната седница на Владата.

Софија, 12 јуни 2020 (МИА) – Повеќе нема да затвораме градови и села, направивме се за да ги зајакнеме болниците, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на вонредната седница на Владата.

– Коронавирусот веќе не е толку моќен како порано. Направивме се за да ги зајакнеме нашите болници, да ги лекуваме болните со лекови веднаш, рече Борисов.

Според него, главна цел е да се олабават мерките по завршувањето на вонредната состојба, што истекува на 30 јуни.

Борисов утре ќе се сретне со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен околу плаќањето однапред за вакцина против Ковид-19.

 – ЕК сака однапред да платиме за вакцината за да може, кога ќе се најде, да се вакцинира целата ЕУ. А, во Софија веќе има протести – нема вакцина, но има протести. Вакцината е доброволна, кој сака, рече Борисов.

Тој додаде дека не гледа корист од масовно тестирање во ситуација кога сè уште нема вакцина.

– Нашата цел е да ги олабавиме мерките од 15 до 30 јуни и да ослободиме сè. Но, нема ништо што можеме да сториме против глупоста – кога знаете дека сте заразени и одите на работа, ставате во опасност големи групи луѓе. Гледате, каде има кластери, ние наметнуваме дисциплина, истакна Борисов.

Бугарскиот премиер повторно препорача користење дезинфекциски средства и физика дистанца. паг/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close