БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Борисов-Курти: Постои неискористен потенцијал за проширување на соработката

Бугарскиот и косовскиот премиер, Бојко Борисов и Албин Курти, денеска се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, а по средбата беше заклучено дека нема нерешени билатерални прашања.

Минхен, 15 февруари 2020 (МИА) – Бугарскиот и косовскиот премиер, Бојко Борисов и Албин Курти, денеска се сретнаа на маргините на Минхенската безбедносна конференција, а по средбата беше заклучено дека нема нерешени билатерални прашања.

Бугарскиот премиер напиша на Фејсбук дека „нема нерешени прашања меѓу Косово и Бугарија и оти билатералните односи ги карактеризира меѓусебна доверба“.

Тој додаде дека има неискористен потенцијал за проширување на соработката во различни области.

– Постои неискористен потенцијал за проширување на соработката во областа на економијата, инвестициите и туризмот, напиша Борисов на Фејсбук. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close