Svet.SlajderСветСвет.Портал

Борели: Болсонаро мора да носи маска во јавноста или му следи дневна казна од 2.000 реали

Бразилскиот федерален судија Ренато Борели му нареди на претседателот Жаир Болсонаро во јавноста да носи заштитна маска, во согласност со одлуката на судот што денеска беше објавена, за да се забави ширењето на коронавирусот.

Бразилија,  23 јуни 2020 (МИА) – Бразилскиот федерален судија Ренато Борели му нареди на претседателот Жаир Болсонаро во јавноста да носи заштитна маска, во согласност со одлуката на судот што денеска беше објавена, за да се забави ширењето на коронавирусот.

Британските медиуми пренесуваат дека судијата ја издаде наредбата откако Болсонаро без маска присуствуваше на неколку политички митинзи низ главниот град.

Борели кажа дека Болсонаро подлежи на дневна парична казна од 2.000 реали (387 долари) доколку продолжи да не ги почитува донесените сојузни одредби за забавување на ширењето на Ковид-19.

Бразил е меѓу најсилно погодените држави од пандемијата на коронавирусот, со повеќе од 50.000 мртви и над еден милион заразени лица. сд/

Back to top button
Close
Close