СветСвет.Портал

Борел утре во посета на Иран

Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел утре во Иран ќе се сретне со лидерите на земјата, објави денеска иранската агенција ИРНА.

Техеран, 2 февруари 2020 (МИА) – Високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел утре во Иран ќе се сретне со лидерите на земјата, објави денеска иранската агенција ИРНА.

Борел ќе се сретне со иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф и други официјални претставници.

Како што пренесуваат странските агенции, посетата се толкува како најнов потег на ЕУ да се спаси нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили од 2015 година.

Посетата, исто така, доаѓа во услови на засилени тензии меѓу Иран и САД, кои се во пораст откако американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од нуклеарниот договор и повторно воведе санкции за Иран во 2018 година. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close