Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Борел утре во Белград со Вучиќ и Брнабиќ за покренување на дијалогот со Косово

После специјалниот американски посредник, Ричард Гренел, утре во Белград, од Приштина пристигнува Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Белград, 30 јануари 2020 (МИА) – После специјалниот американски посредник, Ричард Гренел, утре во Белград, од Приштина пристигнува Високиот преставник на Европската унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, шефот на европската дипломатија во петок ќе оствари средби со претседателот Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Пред доаѓањето, Борел најави дека неговата прва официјална посета ја покажува посветеноста на ЕУ за Западен Балкан, кој ќе биде приоритет за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи на ЕУ.

Неговиот портпарол, Питер Стано, изјави дека ЕУ очекува „Србија и Косово да ги исполнат брзо своите обврски и да го покренат дијалогот, со оглед на директната врска помеѓу нормализирање на односите и конкретните изгледи на нивните аспирации“.

-Целта на дијалогот е да се склучи одржлив и правно обврзувачки договор кој еднаш засекогаш ги решава сите прашања меѓу Србија и Косово, во согласност со меѓународното право и законодавството на ЕУ, договор кој го поддржат сите земји членки на ЕУ и регионот, порача Стано.

Жозеп Борел во Белград, освен со Александар Вучиќ и Ана Брнабиѓ, ќе се состане и со преставници на политичките партии и на граѓанското општество, а ќе го посети и Националниот парк на Србија. об/сд/

Back to top button
Close
Close