БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Борел: Турција и ЕУ треба заедно да работат

Турција и Европската унија треба заедно да работат и да соработуваат за да се справат со своите заеднички предизвици, изјави Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, пренесе агенцијата Анадолија.

Анкара, 4 март 2020 (МИА)Турција и Европската унија треба заедно да работат и да соработуваат за да се справат со своите заеднички предизвици, изјави Жосеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, пренесе агенцијата Анадолија.

Тој од Анкара порача дека разговорал со турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, и неговиот колега за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, и притоа подвлече дека на двајцата им соопштил дека притисокот и едностраните дејствија не се одговорот на проблемите пред кои земјите се исправени.

„Треба заедно да работиме за да се справиме со заедничките предизвици, за доброто на Турција и на ЕУ“, напиша Борел на Твитер.

Првиот европски дипломат посебно внимание посветил и на хуманитарната ситуација во сириската провинција Идлиб, подвлекувајќи ја важноста на деескалацијата во регионот. Тој дополни дека има потреба од сериозна дебата со Турција за безбедносните и одбранбените прашања.

Главната тема на средбата меѓу Борел и турските власти беше ситуацијата во Идлиб во моментов, како и прашањето со мигрантите, наведува турското Министерство за одбрана. На средбата била забележена важноста на соработката и дијалогот меѓу земјите во однос на ситуацијата во Идлиб. сд/

Back to top button
Close
Close