БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Борел: Со новата методологија наградите ќе доаѓаат побрзо

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека предлогот за изменета методологија за пристапниот процес ќе ја врати довербата и ќе го забрза процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

Брисел, 5 февруари 2020 (МИА) – Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека предлогот за изменета методологија за пристапниот процес ќе ја врати довербата и ќе го забрза процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

„ЕУ не е комплетна без Западен Балкан“, напиша Борел на Твитер.

Тој оцени дека целта на предлогот на Европската комисија е да се отвори патот за подобра меѓусебна доверба меѓу Унијата и регионот и да се направи процесот на пристапување покредибилен и ефикасен.

„Истовремено, наградите ќе доаѓаат побрзо за напорите што ќе ги прават нашите партнери на патот кон членството во ЕУ, заклучи Борел. ссм/

Back to top button
Close
Close