Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Борел: Се надевам на важен исчекор во нормализација на односите Белград – Приштина

Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ за продолжувањето на Дијалогот Беглград - Приштина истакнувајќи дека се надева дека на следниот состанок има „важен чекор во правец на нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина

Брисел, 13 јули 2020 (МИА) – Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска ги извести министрите за надворешни работи на ЕУ за продолжувањето на Дијалогот Беглград – Приштина истакнувајќи дека се надева дека на следниот состанок има „важен чекор во правец на нормализацијата на односите помеѓу Белград и Приштина.

– Задоволен сум што можам да објавам дека Дијалогот Белград – Приштина повторно е придвижен и оти разговорите што почнаа во неделата ќе продолжат со втор состанок в четврток. Имаме широка агенда и договор за тоа за што мораме да разговараме за да дојдеме до правно обврзувачки договор за нормализација на односите помеѓу Приштина и Белград, истакна Борел.

Тој додаде дека ЕУ и специјалниот претставник Мирослав Лајчак „направиле добра работа“ за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина.

Лајчак по вчерашната видео-средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека „Дијалогот е вратен на вистинскиот пат“ по 20 месечен застој.

В четврток во Брисел предвидена е физичка средба Вучиќ – Хоти. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close