Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Борел: На Западен Балкан да му се понуди кредибилен процес за влез во ЕУ

Дипломатијата не може да успее доколку не е проследена со некаква активност. Доколку Брисел сака Западен Балкан успешно да помине низ помирување и реформи, на тој регион мора да му понуди кредибилен процес за влез во Европската унија, што ќе им донесе дополнителни придобивки, оцени високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Брисел, 12 февруари 2020 (МИА) – Дипломатијата не може да успее доколку не е проследена со некаква активност. Доколку Брисел сака Западен Балкан успешно да помине низ помирување и реформи, на тој регион мора да му понуди кредибилен процес за влез во Европската унија, што ќе им донесе дополнителни придобивки, оцени високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Во авторска анализа на порталот „Проџект синдикејт“, Борел вели дека ЕУ мора повторно да го научи јазикот на моќта и да се разбере себеси како гео-стратешки фактор на највисоко ниво, со цел да се избегне губење на конкуренцијата со САД и Кина.

Во свет во кој доминираат геополитиката и грубата сила, ЕУ мора да ги комбинира својата сила и политичка волја за да има влијание врз настаните, и затоа првенствено мора да ги заштити своите интереси во опкружувањето, и да понуди членство на Западен Балкан во ЕУ и да го награди напредокот на кандидатите на тој пат, истакнува Борел.

Тој посебно укажа на неопходноста дипломатијата, помоштра и чекорите поврзани со безбедноста првенствено да се насочат на горливите прашања кои се во близина на границите на Европа и истакна дека Либија, Блиски исток, Иран и Сахел, како и вградување на Западен Балкан во структурите на ЕУ се примери каде членките на Унијатра мора да ги преземат своите обврси и одговорности, пренесува Бета. ссм/

 

Back to top button
Close
Close