Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Борбата против даночните измами донесле 9 милијарди евра во буџетот на Франција

Борбата против даночните измами и донесле на буџетот на Франција 9 милијарди евра, соопшти министерството за финансии на Франција, ова откако Судот за ревизија, во извештајот објавен во декември, го истакна падот на приходите од даночни контроли од 2015 година до денес, јавува дописникот на МИА.

Париз, 18 февруари 2020 (МИА) Борбата против даночните измами и донесле на буџетот на Франција 9 милијарди евра, соопшти министерството за финансии на Франција,  ова откако Судот за ревизија, во извештајот објавен во декември, го истакна падот на приходите од даночни контроли од 2015 година до денес, јавува дописникот на МИА.

-Првите резултати од нашата политика се тука, рече  Жералд Дарманин.

Износите собрани по даночните контроли изнесуваат 9 милијарди евра во 2019 година – оваа бројка опфаќа и едноставни грешки на даночните обврзници.

-Девет милијарди е еквивалент на буџетот на Министерството за правда. Тоа е милијарда повеќе отколку во 2017 и 2018 година, така што милијарда помалку во џебот на оние што не го почитуваат законот, рече премиерот Едуар Филип.

За да се објасни овој добар резултат, владата го истакнува порастот на „ископување податоци“, односно експлоатација на бази на податоци од даночната администрација. Ова подразбира идентификување на профилите на даночните обврзници кои претставуваат најголем ризик за измама со подобрување на таргетирањето на контролите. Службата задолжена за оваа стратегија, креирана во 2013 година и наречена МРВ (мисија за барања и вреднување), минатата година испрати 100.000 досиеја до даночните ревизори, што е за 16% повеќе во однос на 2018 година.

Овој реален двигател на раст во борбата против даночните измами овозможи да се бараат 785 милиони евра од даночните обврзници во 2019 година, што претставува раст од 142%. Мора да се каже дека контролите од „ископување податоци“ само што почнуваат да се искористуваат од страна на инспекторите. Раководителот на службата, на тој начин, му открил на Премиерот дека ќе испрати „пред крајот на првиот квартал“ на теренските инспектори податоци за контрола што се однесуваат на закуподавачите, односно сопственици кои прогласуваат закупнини под пазарната цена.

МРВ го провери, со употреба на алгоритам, данокот на имот со други бази на податоци, како што се карактеристиките на просториите кои се изнајмуваат и оние на Институтот за статистика  што го карактеризираат стандингот на квартовите. Во 2019 година, 22% од контролите доаѓаат од препораките на МРВ. За две години, амбицијата на администрацијата е да се зголеми овој процент на 50%.

Она што владата не го споменува е дека прагматизмот во борбата против даночните измами се исплати во 2019 година. Генералниот директорат за јавни финансии потпиша трансакциски договори со големи компании што ги следеле, за околу 1 милијарда евра минатата година.

Оваа мерка им овозможува на даночните власти веднаш да вратат големи суми, во замена за суспендирање на административните процедури (но не и за можна кривична постапка). Меѓу најважните договори, едниот беше со Гугл, вреден 460 милиони евра, а другиот со Л’Ореал (320 милиони).

Од друга страна, министерството за финансии го изнесе „правото да се прават грешки“ за даночните обврзници кои направија грешка со добра намера. тг/

Back to top button
Close
Close