БизнисБизнис.ПорталДописници МКД

„Бор“ од Кавадарци најавува навремена испорака на огревното дрво и покрај проблемите со Ковид-19 и лошите временски услови

И покрај проблемите со Ковид-19 и лошите временски услови, од „Бор“ Кавадарци најавуваат навремена испорака на огревните дрва. Оваа нивна изјава за МИА доаѓа по реакциите на одделни тиквешани, дека подружницата на „Национални шуми“, од Кавадарци, сè уште им го нема испорачано огревното дрво за грејната сезона што претстои, иако дрвата за огрев им биле платени уште пред четири-пет месеци.

Кавадарци, септември 2020 (МИА) – И покрај проблемите со Ковид-19 и лошите временски услови, од „Бор“ Кавадарци најавуваат навремена испорака на огревните дрва. Оваа нивна изјава за МИА доаѓа по реакциите на одделни тиквешани, дека подружницата на „Национални шуми“, од Кавадарци, сè уште им го нема испорачано огревното дрво за грејната сезона што претстои, иако дрвата за огрев им биле платени уште пред четири-пет месеци.

– Во паника сме бидејќи зимата е на прагот што се вели, а ние сè уште ги немаме добиено огревните дрва кои уредно си ги плативме. Никој не знае точно какво ќе биде времето во наредниот период. Ако есента помине со дождови и кал, стравуваме да не бидат тешко проодни шумските патишта. А ако проодноста биде доведена во прашање, под знак прашалник ќе се доведе и нашето греење за зимата што доаѓа, револтиран беше тој.

Со цел објективност во информирањето на оваа тема, се обративме и до подружницата на „Национални шуми“.

– Од наша страна кажуваме, дека ќе ги задоволиме потребите на граѓаните од огревни дрва. Имаме дрва и од други подружници, кои имаат помали обврски, па ни се наоѓаат на испомош. Со тие странки што имаат направено договори со нас, договорено е до почетокот на грејна сезона на 15 октомври, да им ги доставиме дрвата и ние се надеваме дека ќе го завршиме тоа, најдоцна до 1 ноември, рече за МИА, директорот Марјан Иловски.

Зголемена е побарувачката на дрва за огрев во кавадаречката подружница. Вкупно околу 15 илјади кубици дрва, бука, даб, сеченици биле договорени за испорака оваа година. За испорака остануваат уште околу 25 проценти, поголемиот дел е веќе испорачан.

– Лоши беа временските услови, март и април беа со снег и невреме. Поради корона-кризата, еден период имаше проблеми со тендери. Како последица на пандемијата од вирусот Ковид-19, кога имаше дефекти на механизацијата, имаше проблеми со набавка на резервни делови. Граници затворени, патишта однесени и ред други објективни причини. Во јули и август имавме невреме со 150 литри вода на квадратен метар. Од дождот што наврна, имавме проблеми со превозот и така натаму. Сето тоа придонесе да ете малку задоцни сезоната, испораката на дрва за огрев, но се надеваме дека септември до крај и октомври ќе бидат добри за работа, за да завршиме со испораката. Се надеваме и веруваме дека ќе ги задоволиме сите потреби, дециден беше Иловски. свд/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close