СветСвет.Портал

Болсонаро поддржува протести, без оглед на коронавирусот

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се фотографирал со приврзаниците и ги поздравил нивните протести во најголемите градови, со што предизвикал критики од политичките лидери поради охрабрувањето на големите собири, кои би можеле да го зголемат ширењето на коронавирусот.

Бразилија, 16 март 2020 (МИА) – Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се фотографирал со приврзаниците и ги поздравил нивните протести во најголемите градови, со што предизвикал критики од политичките лидери поради охрабрувањето на големите собири, кои би можеле да го зголемат ширењето на коронавирусот.

Болсонаро не ги почитува ниту советите на здравствените експерти да преземе мерки на претпазливост, откако неколку членови на делегацијата, која го придружуваше при посетата на Фларида, биле позитивни на Ковид-19.

Облечен во дрес на бразилската фудбалска репрезентација, тој се поздравувал со демонстрантите со стисната тупаница и снимал селфи со нив.

– Иако сугерирав одложување, не можам ништо да наредам бидејќи протестот не е мој. Луѓето излегле на улиците, иако е се против нив – медиумите, вирусот, препораките, истакна Болсонаро.

Претседателот на Долниот дом на бразилскиот Парламент, Родриго Маја ја нарече поддршката на протестите од страна на Болсонаро „напад врз јавното здравје“, додека претседателот на Сенатот, Дави Алколумбре додаде дека е „неразумно да се стимулираат собири на улица“.

Бразилскиот претседател бил негативен на тестот за коронавирус, како и неговиот американски колега Доналд Трамп, по нивната средба, но медицинскиот тим го советувал Болсонаро да остане во изолација до почетокот на следната недела.

Локалните медиуми вчера објавија дека и седми член на делегацијата која ја посети Флорида бил позитивен на тестирањето, како и четворица членови од тимот за поддршка на патувањето.

Бројот на заразени од коронавирус во Бразил вчера достигна 200 лица. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close