Дописници МКДОпштински вести

Болницата во Струга доби амбулантно возило, донација од бизнис заедницата

Струшката Општа болница доби санитетско амбулантно возило, донација од 14 општествено одговорни компании преку фондацијата за развој на образование и култура Албиз.

Струга, 23 април 2021 (МИА) – Струшката Општа болница доби санитетско амбулантно возило, донација од 14 општествено одговорни компании преку фондацијата за развој на образование и култура Албиз.

Новото возило, како што истакна директорот на болницата Арменд Арслани, дополнително ќе ги зајакне капацитетите за транспорт на пациентите до потребната здравствена услуга.

– Тоа ќе овозможи полесен и побрз пристап на пациентите до потребните здравствени услуги, особено кога станува збор за пациенти во животозагрозувачка состојба, кога брзата реакција е од витално значење, изјави Арслани.

Тој изрази благодарност до донаторите, упатувајќи апел за поголема општествено-одговорна свест кај компаниите и бизнисмените за донирање и подобрување на условите на пациентите. Болницата, нагласи директорот, располага со потребната апаратура, но сепак има недостаток од мобилен ренген, кој постојано се користи, како и реконструкција на зградите во енергетски ефикасни.

– Иако сме снабдени со потребната апаратура, потребен ни е мобилен ренген, реконструкција на покривите на двете згради и фасади, односно обезбедување енергетски ефикасни објекти. Бараме и преку Министерството за здравство, но и од другите релевантни институции, за реализација на овие проекти. Упатувам апел и до бизнис заедницата во Струга и струшко, но и до нашите иселеници, како и многу пати досега да ја покажат својата хуманост и да обезбедиме подобри и поквалитетни услуги за граѓаните, рече Арслани

Според него, интерес за донирање во болницата имало, како кај бизнисмените од Стуга и околината, така и од дијаспората. сс/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close