0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Боксерот Аземи награден со 100.000 денари од Град Скопје

Парична награда во износ од 100.000 денари за освоениот медал на Европското младинско првенство во бокс му беше врачена денеска од Град Скопје на македонскиот репрезентативец Адријан Аземи.

Скопје, 3 декември 2020 (МИА) – Парична награда во износ од 100.000 денари за освоениот медал на Европското младинско првенство во бокс му беше врачена денеска од Град Скопје на македонскиот репрезентативец Адријан Аземи.

По повод успешниот настап на Аземи на Европското првенство, кое неодамна се одржа во Будва, скопскиот градоначалник Петре Шилегов организираше свечен прием на кој присуствуваа и клупскиот тренер на Аземи, Насер Харуни од БК Шкупи, како и претседателот на македонската Боксерска федерација Примислав Димовски.

– Ардијан Адеми со младинската боксерска репрезентација на Република Северна Македонија го постига најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за прв пат по 25 години во младинските категории освои еден од најголемите пласмани на едно европско натпреварување, се наведува во соопштението од Град Скопје. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close