0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderВидео изјаваПолитикаХроникаХроника.Портал

Боки 13 ја посетувал Катица Јанева во нејзиниот дом, покажуваат ПИ-мерките

Бојан Јовановски-Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ-мерките што денеска се прикажуваат во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Боки 13 и Јанева. Според одбраната, во снимките нема ништо спорно.

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Бојан Јовановски-Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ-мерките што денеска се прикажуваат во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој се обвинети Боки 13 и Јанева. Според одбраната, во снимките нема ништо спорно.

– Да видиме Обвинителството какви заклучоци ќе извлече, но ние не гледаме каков било доказ дека со овие мерки се открива нешто инкриминирачко за кој било од обвинетите. Не гледаме ништо чудно во тоа. Тие не кријат дека имале контакти, истакна адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев.

Одбраната неколку пати реагираше дека обвинителството ги изведува несоодветно материјалите од ПИ-мерките, односно дека тоа што се чита не соодветствува со видеоснимките кои се прикажуваат, како и дека треба подобро да се објаснуваат доказите.
Обвинителката Вилма Русковска рече дека такви се извештаите од МВР, односно ги чита како што ги добила.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило порше со бугарски ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваа и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката ОХИС и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ-мерки.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор. аа/бк/

Back to top button
Close
Close