Општински вестиСкопје

Богоев: Потребно е нов начин на финансирање на ЕЛС

Потребата од нов начин на финансирање на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), не е прашање поттикнато од корона кризата туку предизвик кој постои подолго време, смета градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоевски.

Скопје, 20 мај 2020 (МИА) – Потребата од нов начин на финансирање на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС), не е прашање поттикнато од корона кризата туку предизвик кој постои подолго време, смета градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоевски.

При онлајн средбата со амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнз, градоначникот Богоев, истакна дека најголемите приходи за општините пристигнуваат од таксата за уредување на градежно земјиште (т.н. комуналии), што повеќе не треба да биде практика.

– Само со системски промени можеме да обезбедиме похумано живеење, но и вистинска, трајна заштита на јавниот простор. Нашата земја треба да премине кон втората фаза на фискална децентрализација, со нови начини на финансирање за сите општини, посочи Богоев на online средбата со амбасадорката Брнс и градоначалници од други општини.

Богоев се осврна и на се она што општината го правеше во изминатиот период за намалување на последиците од Ковид-19, како на пример воведувањето на е – наставата во основното образование.

– Тоа е позитивен пример и треба да се најдат механизми како овој тип на учење да продолжи да „живее“ и во рамки на редовната настава, изјави Богоев.

Целта на оваа online средба беше да се мапиираат клучните проблеми на општините во време на пандемијата од Ковид-19, за да се изнајдат начини за нивно надминување.

Амбасадорката Брнс посочи дека САД ќе продолжат со интензивната поддршка за локалните самоуправи во повеќе области од нивното функционирање. оџ/сп/

Back to top button
Close
Close