Политички партии

Богојески: Да го чуваме аманетот од Гоце Делчев

Скопје, 4 февруари 2021 

Денес е голем ден, денот кога Македонија го роди Делчев Војвода!

Тој е еден од носителите на македонскиот концепт за Македонија на Македонците. Македонски сепаратист од бугаризмот во сите негови форми – културолошки, етнички, политички и религиозен.

Познавајќи ја суштината на судирот помеѓу македонизмот и бугаризмот, Гоце Делчев кажува дека “светот го разбира како поле за културен натпревар помеѓу народите”, со што сакал да ја отвори портата за промоција на автентична македонска култура, која ќе ги помири и ќе го спречи братоубиството помеѓу Македонците, носители на македонската или бугарската култура и идентитет кај себе.

Македонскиот сепаратизам во него се развива до степен, да не може да го контролираат соседните држави, особено Бугарија. Се плашат од неговиот капацитет вистински да ја создаде автономна Македонија на Македонците, со македонска култура, македонски јазик, македонска нација.

Денес го чествуваме 4 февруари, 149 години од раѓањето на Гоце Делчев. Тој остави аманет на нас денешните Македонци, да го продолжиме Македонскиот Концепт за Македонија на Македонците!

Слава му!

Тим за комуникација со медиуми Македонски концепт

____________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close