Видео изјаваСкопје

Богдановиќ на увид во завршните работи од реконструкција на улицата „Драмска“ и крак од „Тасино Чешмиче“ 

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска изврши увид во завршните градежни работи од реконструкциите на улицата „Драмска“ и крак од улицата „Тасино Чешмиче“, што од утре ќе бидат пуштени во употреба. На вкупна површина од 1129 метри квадратни се замени стариот и оштетен слој со нов асфалт, со висока отпорност на надворешни влијанија, информира Општина Центар. 

Скопје, 9 јуни 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска изврши увид во завршните градежни работи од реконструкциите на улицата „Драмска“ и крак од улицата „Тасино Чешмиче“, што од утре ќе бидат пуштени во употреба. На вкупна површина од 1129 метри квадратни се замени стариот и оштетен слој со нов асфалт, со висока отпорност на надворешни влијанија, информира Општина Центар.

Покрај „Драмска“ и кракот од „Тасино Чешмиче“ од Општината додаваат дека во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“, една од најважните улици во Општина Центар, но и во Скопје,

Во завршна фаза се и реконструкциите на улиците „164“, „166“ и „Хусеин Бајрам“ во населбата Крњево, улици кои Општина Центар ги реконструира прв пат после повеќе од 40 години.

-Овие реконструктивни зафати се дел од големата градежната офанзива на Општина Центар, која предвидува реконструкција на 14 општински улици во повеќе населени места во општината. До крајот на летото, заедно со веќе реконструираните 23 улици, ќе се добие вкупна бројка од 37 обновени улици на територија на Општина Центар, се вели во соопштението.

Од Општината додаваат дека со реконструкција на улиците ќе се регулира автомобилскиот сообраќај, ќе се подобрат условите за движење и значително ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за транспорт.  ки/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close