Општински вестиСкопје

Богдановиќ: Кај поранешна „Треска“ и по стариот план има предвидено станбено-деловен простор

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска истакна дека во просторот на поранешната фабрика „Треска“ и по стариот план има превидено станбен-деловен простор во одреден процент, но, како што рече, тој план како и многу други се на ревидирање. Посочи дека тој простор е дел од планот Буњаковец, кој се работи од 2014 година, со одлуката за неизвршување ставена е во мирување, мораториум.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска истакна дека во просторот на поранешната фабрика „Треска“ и по стариот план има превидено станбен-деловен простор во одреден процент, но, како што рече, тој план како и многу други се на ревидирање. Посочи дека тој простор е дел од планот Буњаковец, кој се работи од 2014 година, со одлуката за неизвршување ставена е во мирување, мораториум.

– Таму по стариот план има предвидено станбен деловен простор во одреден процент, но знаете дека и тој план како и доста други се под ревидирање, односно со одлуката за неизвршување додека не се усогласат со генералниот урбанистички план…, рече Богдановиќ на денешната прес-конференција за промоција на „Локалниот еколошки акционен план за Општина Центар“ за 2019-2025 година.

Тој изјави дека имаат одредени иницијативи во врска со начинот како тоа да се реши, но како што додаде, не е важно само да се дадат иницијативи, туку тие треба да бидат и правно издржани.фф/дма/

Back to top button
Close
Close