0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштествоОпштински вестиСкопје

Богдановиќ: Инвеститорот поднесе барање за градежна дозвола за зградата спроти „Холидеј ин“, но јас не сум дал правосилност

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска потврди дека инвеститорот преку е-системот на Општината поднел барање за градежна дозвола за првата зграда што е предвидена да се гради спроти „Холидеј ин“, меѓутоа, како што рече, барањето се уште не е правосилно.

Скопје, 16 април 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска потврди дека инвеститорот преку е-системот на Општината поднел барање за градежна дозвола за првата зграда што е предвидена да се гради спроти „Холидеј ин“, меѓутоа, како што рече, барањето се уште не е правосилно.

– Инвеститорот си го поднесува проектот, си уплаќа комуналии и нормално дека си поднесува барање за одобрение. Моментот е што тој си аплицира во системот. Управната постапка завршува на крај со правосилност. Јас се уште не сум дал правосилност, изјави Богдановиќ.

Тој нагласи дека во моментов имаат забрана од Уставен суд да преземаат какви било дејствија и повторно укажа за штетите кои би настанале доколку Општината донесе одлука за суспензија на овој урбанистички план.

– Каква било одлука што ќе донесете мора да ги предупредите и советниците кои гласаат за таа одлука, но пред се и граѓаните дека штетата за такви одлуки може да ја плаќаат, рече Богдановиќ.

Во однос на тоа кога ќе се закаже седница на Советот за одлуката за суспензија на планот, Богдановиќ вели дека е во координација со советниците.

– Јас не закажувам седница на Совет, јас само доставувам материјали, потоа Советот закажува по координација со советничките групи и советниците кога можат. Јас сум доставил се, кога ќе закажат седница на Совет, нормално им треба време да ги увидат сите материјали, рече Богдановиќ.

Неговиот став, како што рече, е да се ревидираат плановите, да се искористат сите можности, но претходно да се знаат и штетите кои можат да настанат. мс/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close