Политички партии

Богданка Кузеска: СДСМ стави крај на насилството врз новинарите и обезбеди слобода на медиумите, потврдено од ПССЕ

Скопје, 29 јануари 2020

Враќањето на слободата и демократијата во земјава како еден од главните приоритети на Социјалдемократскиот сојуз е признат и поддржан од целиот свет.

Најновиот извештај на Парламентарното Собрание на Советот на Европа потврдува дека од 2018 Република Северна Македонија  се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите.

Во извештајот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Северна Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот.

Како и дека вкупно на 21 новинар им биле упатени закани или им било попречено известувањето ОД местото на настанот.

Во извештајот е нотирано дека поранешниот лидер на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ги опишал своите противници како предавници, покрај серијата напади врз медиумите во февруари 2017 година.

СДСМ и владата којашто ја предводи, успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.

Денес, заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат.

Додека 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции, медиуми и загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава.

Напредокот што го постигнува  нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.

Реформите мора да продолжат во интерес на државата, медиумите и граѓаните.

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close