Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Богданци меѓу петте општини во кои нема заболени пациенти од Ковид-19

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, Oпштина Богданци вчера успеа да се најде на мапата од пет општини во земјава во кои моментно нема заболени ниту активни пациенти од Ковид-19.

Гевгелија, 7 јуни 2021(МИА) – Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, Oпштина Богданци вчера успеа да се најде на мапата од пет општини во земјава во кои моментно нема заболени ниту активни пациенти од Ковид-19.

Прво на оваа мапа,од општините кои се под надзор на ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија, се најде Општина Дојран,а од вчера со оздравувањето на двајцата пациенти од Богданци и оваа општина си најде место на мапата без заболени од коронавирусот.

Од гевгелискиот Центар за јавно здравје информираа дека до сега во општина Богданци имало 494 заразени граѓани од Ковид 19, од кои 482 оздравеле, а 12 за жал завршиле со смртен исход.

Моментно на територијата под надлежност на ПЕ на ЦЈЗ Гевгелија има останато само уште пет активни случаи на Ковид-19 во Општина Гевгелија. им/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close