0_Спорт.ПорталОстанато

Богатиновски трет на трката во Белград

Македонскиот картинг возач Петар Богатиновски го освои третото место на трката во Белград возена викендот.

Белград, 7 септември 2020 (МИА) – Македонскиот картинг возач Петар Богатиновски го освои третото место на трката во Белград возена викендот.

Единаесетгодишниот Богатиновски после техничките проблеми во квалификациите за пол позиција се позиционираше на четвртото место, за во трката да го освои третото место.

Оваа трка се бодува за Централно Европската Зона.

Богатиновски настапи во класата 2 Ротакс Мини Макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години. Ова е четврта трка годинава, но за Петар беше прв настап поради пандемијата. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close