Политички партии

Бочварски: Почна проектот за изградба на локални патишта и улици во општините во должина од 450 километри  

Скопје, 11 јануари 2020

Скопје, 11 јануари 2020

Почитувани граѓани, медиуми

2019 година беше доказ за успешна година на полето на капитални проекти кои беа реализирани од страна на Министерството за транспорт и врски.

Реализацијата на капиталните инвестиции достигна високи 86 отсто. Или по сектори

1.       Гасификација 94%

2.       Железница 82%

3.       Комунална инфраструктура 63%

4.       Социјални станови 100%

Реализацијата на капиталните проекти директно влијае на економијата, поттикнувајќи економски раст и директно решавање на најважните  суштински и егзистенционални потреби и проблеми на граѓаните кои 11 години беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2020 продолжуваме по прав пат и реализација на капитални проекти.

Еден од најзначајните проекти што влегува во имплементација оваа година е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри.

Проектот предвидува, инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата, вклучувајќи ги и општините во Градот Скопје, што подразбира дека Министерството за транспорт и врски, односно Владата директно ќе им помага на општините во подобрување на локалната патна мрежа преку рехабилитација на улици и патишта во сите општини.

Ќе се имплементираат и дополнителни мали проекти  кои овозможуваат подобрување на безбедноста, на мобилноста и превозот на пример: градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти  по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места. Понатаму изградба на пешачки патеки, велосипедски патеки, урбана опрема, автобуски стојалишта, подобрување на кривини и раскрсници, воведување школски автобуси, зависно од потребите на општините.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 70 милиони евра средства кои се обезбедени од Светска Банка, а секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање ќе има одредена висина на средства и секоја општина ќе добие од 500 илјади евра до 2 милиони евра.

СДСМ продолжува интензивно да работи во интерес на граѓаните. Се гради како никогаш досега и ќе продолжиме во таа насока.

Продолжуваме со уште посилен интензитет на градежни активности насекаде низ државата, а со тоа очекуваме побрз раст на економијата во државата.

Комисијата за транспорт и врски на партијата работи на комплетирање на новата програма на СДСМ за претстојните парламентарни избори преку која најавуваме продолжување на силната динамика за изградба на инфраструктурата во државата.

Благој Бочварски – СДСМ

______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close