Дописници МКДОпштински вести

Бочварски и Ампева  на средба за мерките кои се преземени во Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска имаше средба со Кристина Ампева од здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, на која е разговарано за преземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување, како и за спречување за ширење на коронавирусот низ конфекциите.

Штип, 2 јуни 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска имаше средба со Кристина Ампева од здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, на која е разговарано за преземените мерки од страна на Општинскиот штаб за заштита и спасување, како и за спречување за ширење на коронавирусот низ конфекциите.

-Институциите, заедно со здруженијата на граѓани и бизнис секторот мораат во овој момент да имаат тесна соработка со цел ставање под контрола на овој нов бран на Ковид-19.

Од денеска започна проширено тестирање на над 500 вработени од текстилните компании и запирање на работниот процес со цел заштита на граѓаните, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.

Во него се потенцира дека тестирањето ќе трае и во тек на наредните неколку дена. Сите текстилни работнички кои се тестирани задолжително треба да останат дома во наредните денови. Со заеднички сили и со почитување на мерките за заштита ќе успееме да се справиме. вдј/ир

Таг
Back to top button
Close
Close